Hakan Ceyhan Aydoğan
16 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес во Москва порача дека ставот на Русија е оти сите несогласувања меѓу Катар и заливските земји треба да се решат со договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во главниот град на Русија одржа состанок со државниот министер на ОАЕ, султанот Ахмед Aл-Џабир.
Во соопштението на руското министерство е наведено дека за време на состанокот станало збор и за билатералните односи на Русија и ОАЕ, како и за актуелната криза меѓу Катар и другите заливски земји.
Лавров за време на состанокот го пренесе ставот на Русија по тоа прашање, и порача дека сите несогласувања треба да се решат преку дијалог.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен на 5 јуни соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар, земја којашто ја обвинија за поддршка на тероризмот.
Бахреин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати го затворија воздушниот простор за Катар, и на дипломатите на таа земја им наложија да ги напуштат нивните граници во рок од 48 часа. Властите на Јордан исто така им се придружија на Саудиска Арабија и на другите земји и најавија деградација на дипломатските односи со Катар.