Ali Cura
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва „негативно го оценува“ отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим, додавајќи дека палестинско-израелското прашање може да се реши со директен дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не е можно еднострано ревидирање на договорите утврдени со одлуки на меѓународната заедница“, изјави Лавров пред новинарите по состанокот со министерот за надворешни работи на Египет, Самих Шукри во Москва.
Лавров го нагласи значењето на статусот на Ерусалим (Кудс) во контекс на решавање на палестинско-израелското прашање.
„Русија неброено пати предлагаше водење на директен дијалог меѓу страните. Нашите предлози сѐ уште се на сила“, рече рускиот шеф на дипломатијата.
Шукри истакна дека со еднострана одлука на САД, прекршени се меѓународните договори, како и договори меѓу Изрел и Палестина.
„Статусот на Ерусалим мораат да го одредат Израел и Палестина. Ова е крајно осетливо прашање“, рече Шукри.
Египетскиот шеф на дипломатијата додаде дека ваквата одлука на САД негативно ќе влијае на мировниот процес, како и на дијалогот меѓу двете страни.
Да потсетиме, со свечена церемонија денеска во попладневните часови отворена е американската амбасада во Ерусалим.
На церемонијата учествуваа претседателот на Израел Ривлин Реувен, премиерот Бенјамин Нетамјаху, заменик на американскиот државен секретар, Џон Суливан, американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, Џаред Кушнер, зетот на престедателот на САД и негов висок советник, Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател и четворица републикански сенатори.
На отворањето на американската амбасада во Ерусалим не присуствуваше никој од американските демократски сенатори.
Иако на церемонијата се повикани челници од 86 земји, на свеченоста учествуваа амбасадори или дипломати од 32 земји.
За времетраење на церемонијата, Палестинците во близина на амбасадата одржаа протести, на кои израелската полиција интервенираше со гумени куршуми и солзавец.