Dmitri Chirciu
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
МОСКВА
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, телефонски разговараше со неговиот ерменски колега Ара Ајвазјан во врска со состојбата во Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, Лавров и Ајвазјан оствариле телефонски разговор, во чии рамки Ајвазјан го информирал Лавров во врска со состојбата по апелот на ерменската војска за оставка на премиерот Никола Пашинјан.
Во соопштението се нагласува дека руската страна нагласила дека оваа состојба ја сметаат како внатрешна работа на Ерменија, изразувајќи надеж овој проблем ќе се реши на мирен начин.
Инаку, началникот на Генералштабот на ерменската Армија, Оник Гаспарјан, како и високи команданти, објавија декларација преку која го повикаа премиерот Никола Пашинјан да даде оставка.
Пашинјан, повиците на воените команданти за негова оставка ги опиша како обид за државен удар, нагласувајќи дека го разрешил Гаспарјан.