Cem Genco
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) испратиja уште 63 камиони хуманитарна помош во Идлиб, подрачје во северозападниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конвој од камиони кои ја превезуваа помошта на ОН го премина граничниот премин Чилвеѓозу во општината Рејханли, во близина на турскиот град Хатај.
Надлежните изјавија дека хуманитарната помош ќе биде поделена на луѓето во Идлиб и околните рурални подрачја кои веќе со години живеат во многу тешки услови.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.