Ahmed Asmar
06 Декември 2024•Ажурирај: 07 Декември 2024
Израелската армија уште седум пати го прекрши кревкото примирје со Либан, објави либанската национална новинска агенција (ННА), пренесува Анадолу.
Прекршувања на прекинот на огнот се пријавени во областа Бент Џбеил, во јужен Либан, и во областа Акар на северот на земјата.
Израелската војска го прекрши договорот за прекин на огнот постигнат на 27 ноември со артилериски оган, прелетување на авиони, воздушни напади, истрели и армиски упади.
Либанскиот јавен сервис истакна дека израелски авиони го погодиле граничниот премин Арида во Акар, оштетувајќи ја инфраструктурата, при што е прекиината и патната комуникација меѓу Либан и Сирија.
Прекинот на огнот меѓу Либан и Израел стапи на сила на 27 ноември, со што заврши 14-месечниот конфликт меѓу израелската армија и Хезболах. Кревкиот договор израелската армија досега го прекрши речиси 150 пати.