Zehra Nur Düz,Mahmoud Mohamed Barakat
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ТРИПОЛИ
Силите на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија (UMH) презедоа контрола над шест градови, западно од главниот град Триполи, кои беа беа под контрола на нелегитимните вооружени групи под водство на Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мохамед Кануну, портпаролот на владините сили, изјави дека е преземена контрола над градовите Сорман, Сабратах, Ал-Ајајлат, Ал-Јамил, Кирдалин и Зелтен. Тој додаде дека силите продолжиле со успешните акции во склоп на операцијата „Бура на мир“.
Силите на Владата на национално единство на Либија на 27 март ја започнаа операцијата „Бура на мир“ како одговор на нападите на милициите на Хафтар.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународните заедници, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои воглавно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.