Betül Yürük
14 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Фондот за деца на Обединетите нации (UNICEF) предупреди дека одложувањето на кампањите за вакцинирање за сипаници, поради епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, може да влијае на 117 милиони деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува дека во 24 земји се одложени кампањите за вакцинирање за сипаници, како резултат на појавата на коронавирусот.
Се предупредува дека одложувањето на кампањите за вакцинирање ќе влијае на повеќе од 117 милиони деца и се потенцира дека важните вакцинации треба да бидат заштитени и да продолжат.
Според Светската здравствена организација (СЗО), иако повеќе од 50 години постои безбедна и ефикасна вакцина, случаите на сипаници се зголемени во последните години. И покрај тоа што во 2018 година случаите на сипаници можеа да се спречат, починаа 140.000 лица, повеќето деца и новороденчиња.