Aydoğan Kalabalık
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Нелегитимните сили лојални на командантот Калифа Хафтар синоќа изведоа жестоки ракетни напади на Мисрата, град кој се наоѓа на 130 километри источно од Триполи и кој е под контрола на силите на меѓународно признатата Влада за национално единство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Војската на Владата за национално единство на Либија соопшти дека милитантите на Хафтар испaлиле најмалку 65 ракети врз населените места во Мисрата.
Според првичните информации, во нападот настрадале повеќе цивили и причинета е голема материјална штета.
Хафтаровите сили вчера извеле слични ракетни напади врз градот Гарабули, кој е сместен помеѓу Триполи и Мисрата. Загината е една жена и нејзиниот син, а ранети се три лица.
Хафтар синоќа објави видеопорака во која соопшти дека повеќе не го почитува мировниот договор од Сухејт и дека го презема водењето со Либија.
Тој рече дека наводно народот му го дал тоа овластување и дека се прогласува за шеф на државата.