Dildar Baykan Atalay
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Лидерите на САД, Канада и Мексико одржаа прв самит по 2016 година, на кој упатија порака за соработка во различни области, како борба против Ковид-19, миграција, развој и безбедност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот претседател беше домаќин на трилатералниот Самит на кој учествуваа и претседателот на Мексико, Андрес Амануел Лопез Обрадор и премиерот на Канада, Џастин Трудо.
Во писменото соопштение на Белата куќа се наведува дека лидерите од северноамериканските земји се состанале за првпат по пет години, а на Самитот, според соопштението, укажале на соработката и силните врски меѓу овие земји.
Лидерите се согласија да се направат заеднички конкретни мерки во областите како борба против Ковид-19, подобрување на глобалното здравје, регулирање на конкурентноста, еднаков раст, миграција и регионална борба против миграцијата.
На состанокот беше нагласено дека треба да се преземат чекори во насока на борбата против глобалното шверцување на дрога.
Исто така, на состанокот беше донесена одлука да се формира координативен механизам меѓу трите земји во врска со синџирот на снабдување.
На овој Самит, тројцата лидери договорија заедничка борба против глобалната климатска криза.
Лидерите нагласија дека треба да се изработат некои регулативи во врска со прашањата околу миграцијата.