Ali Cura
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
МИНСК (АА) ‒ Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска негира дека војската на неговата земја учествува во руската воена интервенција во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лукашенко на итниот состанок разговараше со воените претставници во главниот град Минск.
Тој истакна дека Белоруските вооружени сили не учествуваат во руската операција. Нагласи дека и претходно ја предупредувал Украина и додаде дека државите во конфликт треба да бараат начини да го спречат крвопролевањето и војната.
Повика на преговори во главниот град Минск со учество на украинската и руската страна, наведувајќи дека тоа се три словенски народи, кои треба да седнат и да ја одредат својата иднина.
Претходно, држави меѓу кои и Турција, понудија да бидат домаќини на Самит за да се избегне војна во Украина.