Aysu Biçer
24 Ноември 2024•Ажурирај: 27 Ноември 2024
ЛОНДОН (АА) - Маж се бори за живот откако е избоден со нож за време на насилна расправија на Вестминстерскиот мост во Лондон утрово, потврди полицијата, јавува Анадолу.
Службите за итна помош биле повикани на лондонскиот мост околу 10:45 часот по локално време.
По пристигнувањето, полицајците на местото затекнале маж со сериозна убодна рана. Повредениот бил итно пренесен во болница, каде и понатаму е во критична состојба.
Лондонската полиција уапси три лица под сомнение за обид за убиство и четврто лице под сомнение за предизвикување расправија.
На двајца од осомничените им било потребно болничко лекување поради полесни повреди на лицето здобиени за време на инцидентот.
Се очекуваат дополнителни детали за околностите за нападот со нож.