Esra Taşkın,Alaattin Doğru
17 Октомври 2022•Ажурирај: 18 Октомври 2022
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон упати апел до Германија да биде во солидарност со Европа во врска со енергетската криза, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во специјално интервју за француски весник, Макрон нагласи дека Европа минува низ период сличен на периодот од пандемијата на Ковид-19.
Тој упати апел до Германија да биде во солидарност со Европа против зголемените цени на енергенсите.
„Не можеме да спроведеме национални политики бидејќи тоа предизвикува дисбаланс на европскиот континент“, рече Макрон.
Францускиот претседател нагласи дека спроведувањето на европски стратегии наместо национални стратегии на континентот ќе биде поконзистентно.
Германскиот канцелар Олаф Шолц кон крајот на септември истакна дека ќе се создаде фонд од 200 милиони евра со цел да се заштитат потрошувачите и компаниите во границите на Германија од високите енергетски трошоци.