Ebu Bekir Aşkın
22 Април 2023•Ажурирај: 23 Април 2023
РАБАТ (АА) - Мароканскиот крал Мухамед VI амнестираше 1.518 лица во затвор по повод Рамазан бајрам, известува Анадолу.
Во соопштението на Министерството за правда на Мароко се наведува дека кралот Мухамед VI прогласил амнестија по повод муслиманскиот празник за 1.518 лица кои се во притвор поради судски процес или се осудени за различни кривични дела.
Кралот на Мароко минатиот Курбан бајрам амнестираше 979 затвореници, кои беа пуштени на слобода во јули минатата година.