İdiris Okuduci,Mehmet Nuri Uçar
01 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, истакна дека го одбива таканаречениот мировен план што американскиот претседател, Доналд Трамп, го нарекува „Договор на векот“, и рече дека Соединетите Американски Држави (САД) веќе не се пријателска земја за Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абас имаше свое обраќање на состанокот на Арапската лига во египетскиот главен град, Каиро.
„Го одбивам планот на Трамп за Договорот на векот. Во историјата нема да влезам како човек којшто го продал или се откажал од Кудс (Ерусалим)“, нагласи Абас.
„Од 1988 година го признаваме Израел. Како возврат на тоа, поранешниот израелски премиер, Јицак Рабин, ја призна Палестинската ослободителна организација за легитимен претставник на Палестина. САД веќе не се пријателска земја за Палестина. Одбив да се состанам со Трамп“, додаде палестинскиот претседател Махмуд Абас.