Barış Seçkin
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ВАТИКАН (АА) - Претседателот на Палестина Махмуд Абаз ја отвори палестинската амбасада во Ватикан, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на палестинската амбасада во Ватикан присуствуваше и монсињор Анџело Бечу, во име на државниот секретар на Ватикан.
Претседателот Абас по отворањето на амбасадата изјави: „Денеска се сретнавме со Папата. Се надевам дека и останатите земји ќе го следат примерот на Ватикан и ќе ја признаат Палестина”. Ватикан ја призна Палестина 2005 година.
Претседателот Махмуд Абаз околу ветувањето на новоизбраниот американски претседател дека американската амбасада од Тел Авив ќе ја префрли во Ерусалим изјави: „Доколку постои таква одлука, тоа нема да помогне во воспоставувањето на мирот. Се надеваме дека такво нешто нема да се случи”.
По обраќањето, претседател влезе во палестинската амбасада и го истакна палестинското знаме на јарболот од амбасадата.
Пред отворањето на амбасадата на Палестина во Ватикан, претседателот Абас се сретна со претседателот на Ватикан и духовниот лидер на католичката црква, Папата Франческо.