Zehra Ulucak
03 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
МЕКСИКО (АА) - Во болница во Мексико е убиен Хесус Мартин, водач на банда што се занимава со криумчарење нафта, јавува Anadolu Agency (AA).
Мартин бил во болница поради пластична операција којашто ја направил за да го смени физичкиот изглед. Обвинителот на покраината Пуебла потврди дека Мартин бил нападнат додека бил во болница. Од таму истакнуваат дека покрај Мартин биле убиени уште три лица, меѓу кои и една жена.
Од обвинителството претпоставуваат дека нападот бил извршен од страна на членови на неговата банда. Под истрага се и лекарите за кои се претпоставува дека учествувале во нападот.
Официјалните лица наведуваат дека покрај физичкиот изглед, Мартин сакал да ги промени и отпечатоците од прстите. На почетокот од оваа недела, во судир на бандата загинале 12 лица.
И во 1997 година, во болница беше убиен водач на нарко картел, Амадо Карило Фуентес. И тој е убиен додека правел пластична операција.