Zehra Ulucak
19 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Двајцата специјални агенти, кои на 5 февруари беа киднапирани од страна на вооружени лица, се пронајдени мртви, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави Би-би-си (BBC), експерти од судска медицина соопштиле дека телата што минатата недела се пронајдени во едно возило во градот Халиско им припаѓаат на Октавио Мартинес и Алфонсо Ернандес, припадници на Одделот за кривична истрага.
Во веста се соопштува дека досега не е приведено ниту едно лице во врска со ова убиство.
По исчезнувањето на двајцата разузнавачи, минатата недела на „Јутјуб“ (YouTube) беше споделен видеоматеријал од кој се дозна дека лицата се киднапирани.
На снимките можеше да се видат двајцата разузнавачи како на коленици, со врзани раце, клечат пред петмина вооружени напаѓачи кои беа со вперени пиштоли кон агентите. Заложниците, под принуда го читаа текстот што им беше даден на ливче хартија, во кој се вели дека разузнавачкиот персонал и војската ги прекршувале човечките права, правејќи силувања, измачувања и кражби.
Се претпоставува дека вооружените лица се припадници на картелот „Нова генерација на Халиско". Картелот „Нова генерација на Халиско" е познат како една од најголемите криминални организации во Мексико и се посочува како одговорен за нападите врз безбедносните сили и јавните службеници во Мексико.