Ekip
22 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Според статистиката на Владата на Мексико јуни со 2.234 убиства е најсмртоносниот месец во последните 20 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците за јуни и првата половина на 2017 година е најсиромашна која Мексико ја има доживеано во последните две децении.
Од јануари до јуни оваа година, регистрирани се 12.155 убиства, што е речиси 31 отсто повеќе во однос на истиот период од 2016 година.
Јуни беше третиот месец по ред во кој бројот на убиства се зголеми.
Она што е особено загрижувачки за владата на Мексико е фактот дека убиствата се случиле низ целата земја.
Во претходните години, најголем број од убиствата се случија во неколку држави, кои се оптоварени со проблеми со нарко картелите.