Cüneyt Karadağ
02 Октомври 2020•Ажурирај: 03 Октомври 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Европската Унија (ЕУ) и Турција во декември ќе разговараат за визната либерализација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меркел говореше на прес-конференцијата одржана на крајот од вториот ден на Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ).
Посочувајќи ја важноста за конструктивен дијалог за Турција, Меркел нагласи:
„Ние сакаме позитивна агенда со Турција. Во последно време многу често се среќавав со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Позитивната агенда во нашите односи е во интерес на двете страни. Во декември ќе разговараме за прашањето за визната либерализација.“
Наведувајќи дека Турција е сосед на ЕУ и членка на НАТО, Меркел рече дека до месец декември треба напорно да се работи на прашањето за визната либерализација.
- „Примирјето треба да биде приоритет“ -
Меркел истакна и дека меѓу Турција и ЕУ треба да се разговара за новата фаза за Договорот за миграции, за развојот на Договорот за Царинската унија и за прашањата за економската соработка.
Германската канцеларка исто така изјави дека укинувањето на блокадата за санкции против Белорусија е значаен сигнал.
Таа, истакнувајќи дека на Самитот разговарале и за прашањето за Нагорно Карабах, рече дека примирјето е основен услов за мирно решение.