Büşra Selvi Öğütcen
02 Октомври 2020•Ажурирај: 03 Октомври 2020
АНКАРА
Во Соединетите Американски Држави (САД), каде што се протестираше против полициското насилство и расизмот, овој пат во државата Луизијана откриени се аудиоснимки од насилството на американската полиција врз Афроамериканец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во аудиоснимката од 27 секунди објавени од агенцијата „Асошиејтед прес“ (Associated Press) се слуша како полицајците зборуваат за насилството нанесено врз Афроамериканецот Роналд Грин.
Во инцидентот што се случи во мај 2019 година, полицијата сакала да го запре возилото на Грин, поради сообраќајниот прекршок што го направил.
Грин (49) не го почитувал предупредувањето на полицаецот да запре. Затоа по него започнала потера и во таа потера настанала сообраќајна несреќа.
Овие снимки открија дека Грин не починал поради повредите здобиени како резултат на несреќата, како што стои во извештаите на полцијата.
На аудиоснимката се слуша телефонскиот разговор за приведувањето на Афроамериканецот Грин, помеѓу шефот на полицијата во државата Луизијана, Крис Холингсворт, кој почина во сообраќајна несреќа минатата недела и неговиот колега.
„Му го притиснавме грлото и не дозволивме да стигне до тоа што сакаше. Конечно му ставивме лисици, сѐ уште се бореше кога пристигна третото лице. Насекаде повраќаше крв и одеднаш се опушти“, се вели во телефонската снимка.
На снимката, исто така се слуша дека еден од полицајците вика „Ќе те тепам до смрт!“ и потоа почнува да пцуе.
Адвокатот на семејството Грин, Ли Мерит, нагласи дека зачудувачки е фактот што засегнатата снимка не е обелоденета повеќе од една година и ги повика државните службеници да ја објават целата аудиоснимка.
Истрагата за инцидентот продолжува.