Erbil Başay
21 Февруари 2020•Ажурирај: 22 Февруари 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон имаа телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за прашањето за Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писмената изјава на портпаролот на германската Влада, Штефен Сајберт, Меркел и Макрон имале телефонски разговор со Путин.
Канцеларката Меркел и претседателот Макрон, во телефонскиот разговор ја изразија својата загриженост за катастрофалната хуманитарна состојба во Идлиб и упатија повик до Путин да се стави крај на конфликтите во Идлиб.
Двајцата лидери, исто така побараа да на се спречува хуманитарната помош до оние лица кои за тоа имаат потреба и дека се подготвени да се сретнат со Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за да се најде политичко решение за кризата во Идлиб.