Handan Kazancı
21 Февруари 2020•Ажурирај: 22 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројката на починати лица во Кина како последица на коронавирусот се зголеми на 2.238, се соопштува од Националната здравствена комисија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Комисијата истакна дека се потврдени 75.465 случаи на зараза со коронавирус, сега познат како „Ковид-19“, од кои 11.633 се во критична состојба.
Повеќе од 18.260 лица се пуштени од болница по успешното заздравување.
Според последните извештаи, 889 лица починале во изминатите 24 часа.
Во претходно соопштение, кинеските здравствени власти соопштија дека коронавирусот претставува поголема закана за постарите лица, мажи и хронично болни лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи со зараза се потврдени во над 20 земји низ светот, меѓу кои се и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Многу земји, вклучувајќи ја и Турција, ги евакуираа своите државјани од Вухан - епицентарот на ширењето на вирусот - и од другите погодени подрачја во Кина, ставајќи ги во карантин и под надзор.
Светската здравствена организација (WHO) поради вирусот прогласи состојба на глобална опасност.