Cüneyt Karadağ
17 Јануари 2020•Ажурирај: 19 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, на 24 јануари ќе патува во посета на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Владата на Германија, Штефен Зајберт, потврди дека во Истанбул ќе биде одржан состанок меѓу Меркел и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Како што изјави тој, на состанокот ќе биде разговарано за меѓународни теми и за билатералните односи.
Зајберт изјави дека Меркел и Ердоган ќе присуствуваат на отворањето на Турско-германскиот универзитетски кампус.
Се очекува Меркел да се состане и со претставниците на организациите на цивилното општество во Турција.