Cüneyt Karadağ
13 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
БЕРЛИН
Германската канцеларка, Ангела Меркел, порача дека расизмот и омразата се отрови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меркел објави видеопорака во знак на сеќавање на оние што ги загубија животите во расистичкиот напад во градот Ханау на 19 февруари 2020 година.
Минатата година, десничарските екстремисти нападнаа две кафулиња во Ханау, при што загинаа девет лица од мигрантско потекло.
„Расизмот е отров, омразата е отров“, порача Меркел присетувајќи се на оние што ги загубија животите во тој страшен напад што произлезе од расистичка омраза.
Канцеларката нагласи дека расистичкиот напад беше пресвртница за соживотот и хармонијата во германското општество.
Меркел ги спомена имињата на загинатите во расистичкиот напад и истакна дека крајнодесничарскиот убиец не ги познавал тие луѓе, туку го мразел само нивниот изглед и мигрантите.
„Ние, кои живееме во оваа земја, заедно ќе му се спротивставиме на расизмот и омразата“, рече Меркел.
Во Германија растат расизмот и ксенофобијата под влијание на пропагандата на десничарите, антисемитизмот и антимуслиманските групи.
Во текот на 2019 година, десничарските екстремисти го убија политичарот Валтер Лубке, кој ги бранеше правата на бегалците, и извршија напади на синагогата во Халеу.
- Расистичкиот терористички напад во Ханау
Во германскиот град Ханау на 19 февруари минатата година беше изведен расистички терористички напад врз две кафулиња во кои животот го загубија 9 лица, меѓу кои 4 Турци.