Hatice Şenses Kurukız
13 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Поранешниот градоначалник на Истанбул, Кадир Топбаш (76), почина во болницата во која беше на лекување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Топбаш се лекуваше во приватна болница од 16 ноември.
Роден е на 8 јануари 1945 во Артвин. Дипломираше на Теолошкиот факултет на Универзитетот „Мармара“ во 1972 година и на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Мимар Синан“ во 1974 година.
Работејќи некое време како слободен архитект, Топбаш ја извршуваше и функцијата потпретседател на истанбулскиот Одбор за заштита на спомениците и културното наследство при Министерството за култура.
Во текот на 40-годишната политичка кариера, работеше и како советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган додека беше на функцијата градоначалник на Истанбул во периодот од 1994 година до 1998 година.
На позицијата градоначалник на Истанбул е избран во 2004 година. Топбаш повторно е избран за градоначалник на Истанбул во 2009 и 2014 година и стана прв градоначалник на градот што победи на изборите во низа.
Поднесе оставка во 2017 година.