Ekipa
12 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ХАГ (АА) - Меѓународниот суд во Хаг пресуди против тврдењата дека Кина има право на поголем дел од Јужното Кинеско Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Трибуналот во Хаг донесе одлука како одговор на арбитражата во случајот Филипините против Кина. Постојаниот арбитражен суд соопшти дека нема докази дека Кина има историско право да врши ексклузивна контрола над поголемиот дел од водените ресурси на Јужното Кинеско Море.
Кина тврди дека има право на речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги и гребените и островите. Сепак, Меѓународниот суд во својата пресуда наведе дека Кина го прекршила суверенитетот на Филипините, а тоа предизвикало „сериозна штета на животната средина на коралните гребени" со изградба на вештачки острови.
Тензиите во регионот дополнително ги зголеми доаѓањето на носачот на авиони на САД во близина на спорните острови.