Ekip
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
НУСА ДУА (AA) – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го заврши годишниот состанок со ветување дека ќе дејствува за да го заштити светскиот раст и финансиската стабилност од ризиците поврзани со трговијата и геополитичките тензии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кристина Лагард, генералната директорка на ММФ, денес, по завршувањето на состанокот на ММФ и Светската банка на Бали во Индонезија, рече дека глобалниот раст е и понатаму јак, но непроменет. Според нејзините зборови, земјите би требало да продолжат да обезбедуваат раст.
„Ќе пловиме заедно и ќе бидеме посилни. Фокусирајте се на вашите политики. Не се оддалечувајте, да соработуваме колку што можеме, бидејќи заедно ќе ни биде подобро“, порача Лагард.
Меѓународниот монетарен и финансиски комитет, кој го советува Одборот на гувернерот на ММФ, повика земјите да ги одржат достапните кредити, во согласност со нивните нивоа на инфлација, и да се обидуваат да го зголемат економскиот раст „во интерес на сите“.