Elif Küçük
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ од воздух ги сними урнатините, кои зад себе ги оставија земјотресот и цунамито на индонезискиот остров Сулавеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Во земјотресот кој на 28 септември го погоди индонезискиот остров Сулавеси и цунамито кое следуваше, смртно настрадаа 2.056 лица.
Екипите на Хуманитарната организација се наоѓаат на терен, им помагаат на граѓаните погодени од земјотресот и цунамито и ја проценуваат штетата што ја предизвикаа. Со дронот го снимија целото подрачје кое е уништено.
Според последните податоци, бројот на загинатите е зголемен на 2.056, а тешко се повредени 2.549 лица. Во тек се акциите на трагање по 5.684 лица.
Податоците велат и дека се уништени 65.000 куќи, а засолниште во другите места пронајдоа 99.471 лице.
Катастрофата го погоди градот Палу и околната област во покраината Централен Сулавеси пред две недели. Подрачјето прво го погоди силен земјотрес со магнитуда од 7,5 степни, а потоа и цунами.