Hakan Ceyhan Aydoğan
08 Јуни 2017•Ажурирај: 09 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во сабота во Москва ќе се сретне со својот катарски колега, шеикот Мухамед бин Јасим Бин Абдурахман Ал-Тани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската новинска агенција РИА-Новости објави, повикувајќи се на извор во руското Министерство за одбрана, дека Ал-Тани во сабота ќе ја посети Москва и ќе се сретне со Лавров.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да организира прием за Ал-Тани.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАР), Бахреин, Египет и Јемен во понеделникот соопшти дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот и поддршка на тероризмот.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги затворија своите воздушни простори за Катар, а односите со таа земја ги блокираа и Малдиви и Мавританија. Јордан во вторникот ноќта соопшти дека ги блокирал дипломатските односи со Катар.
Лавров претходно изјави дка кризата меѓу Катар и одредени арапски држави треба да се реши преку дијалог и со преговори.
Песков истакнува дека Русија не се меша во внатрешните работи на други земји и дека го поддрува решавањето на проблемите по мирен пат.