Fatma Bülbül
28 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
БАГДАД / МОСУЛ (АА) - Обединетите ирачки сили ослободија поголем дел од подрачјето Стар град, која на западниот брег на реката Тигар остана последното упориште на терористичката организација ДЕАШ во Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ирачките сили ослободија повеќе од половина од територијата на подрачјето Стар град во Мосул и продолжуваат да го кршат отпорот на терористите на ДЕАШ“, се вели во соопштението на командата на здружените ирачки воени, полициски и племенски единици.
Најжестоките улични борби во Мосул во моментов се водат меѓу курдските сили пешмерга и терористите на ДЕАШ на фронтот спрема Киркук.
Терористите на ДЕАШ во јуни 2014 година го окупираа Мосул, а лидерот на таа терористичка група, Абу Бакр ал-Багдади токму во големата џамија го прогласи формирањето на т.н. калифат на ДЕАШ.
Три месеци по започнувањето на акцијата, обединетите ирачки сили со поддршка од страна на меѓународната коалиција, во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19 февруари беше започната и акција за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.
Некогаш вториот по големина ирачки град е најголемото упориште на ДЕАШ и самопрогласен град на т.н. калифат, а ирачките сили најавуваат дека тој ќе биде симбол на падот на тероризмот во земјата.