Saadet Gökce
04 Октомври 2025•Ажурирај: 06 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 14 лица ги загубија животите, а спасувачките тимови се борат да спасат десетици ученици заробени под урнатините на училишна зграда што се урна во понеделникот во индонезиската покраина Источна Јава, известува Анадолу.
Во несреќата животот го загубиле 14 лица, а погодени се вкупно 167, од кои 104 се пронајдени живи и се безбедни, изјави Абдул Мухари, раководител на Центарот за податоци, информации и комуникации за катастрофи во Националната агенција за ублажување на катастрофи.
Од спасените лица, 14 се лекуваат во болница, додека 89 се отпуштени. Едно лице е префрлено во друга болница, информираше Мухари.
Според списокот на присутни во училиштето, тимот за пребарување и спасување продолжува да ги бараат преостанатите 49-те лица кои се водат за исчезнати исчезнати.
Националната агенција за ублажување на катастрофи соопшти дека инцидентот се случил во исламскиот интернат „Ал Хозини“ во градот Сидоарџо, кој се урна во понеделникот додека стотици ученици биле собрани на молитва.