Ekipa
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На антивладините протести во покраината Исфахан, во Иран, загинаа петмина демонстранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите настрадале за време на нападот врз зградата на гувернерот во Кехеријан, во покраината Исфахан.
Иранскиот портал „Асриран“ потврди дека во текот на нападот загинале вкупно петмина демонстранти.
Според наводите на „Raja News“ (Раџа њуз), за време на протестите во Наџафабад, исто така во покраината Исфахан, загинале четири лица, од кои двајца полицајци и двајца демонстранти.
Претходно, во текот на денот беше соопштено дека на антивладините протести во Иран загинале десет лица, а бројот на приведените пораснал на 377.
Протестите против лошиот животен стандард во Иран започнаа во четвртокот, а потоа се проширија низ неколку градови во земјата.