Emre Gürkan Abay
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Русија, во врска со протестите во Иран, соопшти дека станува збор првенствено за прашање од внатрешен карактер на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Неприфатливи се надворешните интервенции кои би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата во Иран“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Руските власти изразија надеж дека тензиите нема да ескалираат со крвопролевање и насилства.
Во текот на антивладините протести во Иран загинаа десет лица, а бројот на приведени се зголеми на 377.
Протестите против лошиот животен стандард во Иран започнаа во четвртокот, а потоа се проширија низ неколку градови во земјата.