Emel Öz Gözellik
13 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
МЕКСИКО (АА) - Во западниот дел на Мексико, во сојузната држава Колима, откриена е масовна гробница, пренесува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството на Колима соопшти дека на едно поле во Санта Роса, на подрачјето на општината Теком, откриени се тајни гробишта во кои се пронајдени 50 човечки трупови.
Во соопштението се истакнува дека е започната истрага за откривање на идентитетот на телата.
Во истото подрачје, една недела претходно, во масовна гробница беа пронајдени 19 човечки трупови.
Според податоците на Мексиканскиот национален завод за статистика, со стапка од 113 случаи на убиства на 100.000 лица, Колима беше сојузна држава со највисока стапка на убиства во Мексико во 2017 година.