КУДС (АА) - ЕСАТ ФИРАТ -
Соочени со присилна миграција и масакри со основањето на Израел врз историските територии на Палестина на 14 мај 1948 година, милиони Палестинци кои сѐ уште живеат под окупација и блокада или како мигранти, сонуваат да се вратат во својата татковина на 72. годишнината од Накба (Големата катастрофа).
Палестинците кои секоја година малку повеќе се оддалечуваат од своите соништа, како што се враќањето и независноста, последните години се соочуваат со немилосрден напад.
Процесот на нормализација и приближување на арапскиот свет со Израел, внатрешна поделба на Палестинците, слабиот интерес на меѓународните страни и услови што произлегуваат од незаконски пристапи на САД и Израел претставува најтешка ситуација со која палестинското кауза се соочува последните години .
Палестинците кои со основањето на Израел изгубија голем дел од својата татковина, 72-годишнината од Накба падна во сенка на наводниот Мировен план за Блискиот Исток кој претседателот на САД Доналд Трамп и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го објавија во Белата кауќа како решение за израелско-палестинското прашање.
Додека наводниот мировен план на САД му дава целосен суверенитет на Израел на подрачјето од Средоземното Море до реката Јордан, на Палестинците им се наметнува прифаќање на оваа привилегија на Тел Авив во замена за „наводна држава“ и „економски просперитет“.
Наводниот мировен план кој го игнорира барањата, како што се правото на враќање на Палестинците, Источен Ерусалим, отстранување на нелегалните населби, во целост ја елиминира можноста за „дводржавно решение“ на историската палестинска територија.
Наводниот мировен план во Стариот градски регион на окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), кој предвидува заштита на сегашната состојба (статус кво) во Масџид ал Акса, кое е прво муслиманско светилиште, со отворањето на Харем-и Шариф за верски обреди на Евреите во согласност со тезите на Израел, всушност статус-кво состојбата ја менува во корист на Евреите.
Израел кој исткае јамка за палестинската земја спроведувајќи го планот на Трамп, и покрај постоењето на Палестинците и меѓународната заедница, целосно за елиминира идејата за целосно независна, суверена палестинска држава со главен град Источен Ерусалим (Источен Кудс) врз границите на Палестинците од 1967 година.
- Нестивната болка веќе 72 години
„Накба“ која е симбол на присилна миграција, грабеж и масакри за Палестинците, ја изразува болката која не стивнува веќе 72 години. Палестинците го нарекуваат Накба, што во превод значи „голема катастрофа“.
Декларацијата за независност на Израел врз историската палестинска територија на 14 мај 1948 година беше почеток на повеќедецениската низа катастрофи за Палестинците. Поради оваа причина, 15 мај кој следува по датумот кога Израел ја прогласи својата независност (14 мај) е симболизиран како ден „Накба“.
Во овој период што се протега до денес, поголемиот дел од палестинските територии се окупирани, илјадници Палестинци се убиени во систематски масакри, во егзил се речиси 1 милион луѓе, уништени се 675 села, а некои градови станаа еврејски.
Проширувајќи ја окупацијата од денот Накба досега, Израел присвои 85% од 27.000 квадратни километри историска палестинска земја. Палестинците пак можат да користат само 15% од оваа територија.
Покрај тоа, Израел продолжува со изградба на нелегални еврејски населби во Источен Ерусалим (Источен Кудс) и на Западниот Брег, територии кои ги окупира во 1967 година.
Сириски историчар Константин Зурајк, еден од најважните теоретичари на арапскиот национализам, познат е како прв кој денот кога стотици илјади Палестинци беа протерани од својата татковина и во еден ден станаа „бегалци“ го нарече „Накба“.
Откако Зурајк ја објави книгата под наслов „Што значи Накба?“, ова име стана синоним за 15 мај. Протестите на Накба се одржуваат секој 15 мај низ целиот свет.
- Протерани околу 1 милион Палестинци
15 мај кој е наречен како Накба од страна на Палестинците, се перцептира на дијаметрално спротивен начин во умот на израелските и палестинските општества.
Меѓу другото, 14 мај за Израелците е ден на формирање на една држава, додека за Палестинците е почеток на низа на катастрофи во чии рамки 957.000, односно 67 отсто од населението на Палестинците беа присилно протерани од својата татковина, и беше уништена нивното културно и социјално ткиво.
Од тој датум досега со растот на населението, бројот на палестинските мигранти во светот достигна 6 милиони и 20 илјади, од кои околу 5,3 милиони се регистрирани во Агенцијата на Обединетите нации за помагање на палестинските мигранти (UNRWA).
- Уништени 675 села и подрачја
Израелските сили во рамки на Накба уништија 675 села и подрачја на Палестинците, додека убија илјадници Палестинци. Бројни историски палестински градови биле јудаизирани.
Во овој процес, раселени биле бедуински племиња кои живееле во подрачјето на Негев, додека беше таргетиран и културниот идентитет преку менување на имињата на населените места.
- Над 5 милиони Палестинци живеат во мигрантски кампови
Стотици илјади Палестинци кои биле протерани во рамки на Накба, својит живот го продолжуваат под тешки услови во 615 мигрантски кампо формирани во земјата и надвор од земјата.
Во Газа, место каде Палестинците интензивно се засолнати откако биле раселени, се наоѓаат 8 мигрантски кампови. Мигрантскиот камп Џибалија кој се наоѓа во северниот дел на Појасот Газа кој е под израелска блокада, е домаќин на 108.000 Палестинци. Џибалија која е најголем кампо во регионот, се знае како место каде избувна палестинската Интифада во 1987 година.
Дванаесет кампови се наоѓаат во Либан, земја која се наоѓа на чело на соседните земји каде засолнати се најголем број на Палестинци кои биле принудени да ги напуштат своите територии во процесот на формирање на Израел, по кој следуваат Јордан каде се наоѓаат 10 кампови и Сирија каде се наоѓаат 12 кампови.
- Историјата на Накба се протега до пред 2 векови
Се вели дека „првиот чекор на Накба е направен со идеата на францускиот генерал Наполеон Бонапарта, обликуван е со Балфурската Декларацијата, и дека е конкретизиран од страна на првиот премиер на Израел, Ben Gurion.
Францускиот генерал Наполеон Бонапарта во 1799 година ја актуелизираше идеата за формирање на еврејска држава во Палестина која во тој период беше под османлиска администрација. Во понатамошниот процес, беше обезбедена миграцијата на Евреите во групи од повеќе места во светот во Палестина. На тој начин беше подготвен теренот за окупирање на палестинските територии од страна на Евреите ционисти.
Еврејската миграција во Палестина продолжи и покрај сите османлиски напори за спречување на тоа. Британскиот генерал Едмунд Аленби во декември 1917 година го окупираше Ерусалим (Кудс), и стави крај на зависноста на Палестина од Османлиската држава која беше поразена во Првата Светска Војна, и на ционистите им отвори простор да се движат.
Британците ја прогласија нивната поддршка за формирање на држава преку објавување на Балфурската Декларацијата од страна на британското Министерство за надворешни работи во 1917 година. Оваа декларација предвидува формирање на држава во Палестина од страна на Евреите.
- Од британскиот мандат кон Накба
На 29 ноември во 1947 година на Генералното собрание на ОН беше ратификувана резолуцијата која предвидува поделба на Палестина на еврејска и палестинска држава. Арапските земји, пред се Палестинците, беа против оваа одлука додека ционистите ја поздравија оваа одлука.
Ден по ратификување на оваа резолуција, вооружени банди наречени „Haganah“ формирани од страна на ционистите, ги запленија зоните кои биле подготвени за да живеат Евреите. Овие вооружени банди по завршување на британскиот мандат во палестина, на 14 мај 1948 година соопштија дека е формирана израелската држава од страна на Дејвид Бен Гурион.
По овој датум, во голема мера порасна миграцијата на Евреите во зоните „наменети за нив“. Ниту војната меѓу Израел и арапската Војска формирана од страна на Египет, Сирија, Ирак, Јордан и Обединетите Арапски Емирати, не успеа да ја спречи миграцијата.
Крај на оваа војна беше ставена на 3 март 1949 година кога Израел стана полноправна членка на ОН. Израел првин беше признаен од страна на САД, а потоа од страна на бројни земји.
- Формирање на израелската држава
На конференцијата одржана во 1897 година во Швајцарија под водство на Теодор Херци, основач на модерната ционистичка идеологија, беа определени принципите на државата која ќе се формира.
Од овој момент се вели дека ционизмот е колонистичко политичко движење која ги усвојува нацоналистичките а не верските идеи, и која му служи на империјализмот и расистичкото населување.
Херци се обиде да добие меѓународно одобрение за проектот за формирање на еврејската држава. Херци не успеа да го убеди тогашниот османлиски султан Абдулхамит Втори за добивање територии за Евреите во Палестина, додека оваа поддршка успеа да ја добие од Британија.
Тој во 1902 година тврдеше дека оваа држава ќе биде напреден бастион на цивилизацијата која ќе стои против варварството.
Сепак, реалноста беше поразлична од реториката на Херци. Напротив, на секој Евреин кој доаѓаше во Израел како мигрант во рамки на Законот за враќање во 1950 година, му беше обезбедено државјанство, и палестинските територии беа прогласени за татковина на Евреите од целиот свет.
- Правото на враќање на Палестинците
Палестинците кои покрај во мигрантските кампови во Западниот Брег и Појасот Газа, својот живот го продолжуваат во различни места во светот, пред се во Сирија, Либан и Јордан, во секоја прилика истакнуваат дека нивните лица се свртени кон Палестина која ја нарекуваат како украден рај.
Израел одбива да ја спроведува резолуцијата 194 на ОН која гласи: „На мигрантите кои сакаат да се вратат во своите домови и сакаат да живеат во мир со своите соседи, на најбрз можен рок треба да им се дозволи да ги исполнуваат нивните желби, и треба да се плати надомест за земјиштата на тие кои одлучиле да не се враќаат“.
За милиони Палестинци кои десетици години живеат во прогон, Накба (Голема катастрофа) продолжува да биде симбол на присилната миграција, грабежи и масакр.
news_share_descriptionsubscription_contact
