Ömer Koparan
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
АЗАЗ
Едно лице е повредено во напад со автомобил-бомба во градот Азаз, северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според прелиминарните извештаи, експлозијата предизвикала штета на имот во сирискиот град под контрола на опозицијата.
Повреденото лице е однесено во локалната болница.
Безбедносните сили започнаа истрага за нападот, фокусирајќи се на можноста дека бил испланиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК.