Şerife Çetin
20 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Северноатлантскиот сојуз (НАТО) објави видео клип за придонесот на Република Турција во таа Алијанса, јавува Агенција Анадолија (AA).
Клипот е објавен на официјалниот профил на НАТО на Твитер, а за придонесот на Турција кон тој сојуз говори турската воена пилотка Есра Озатај.
„НАТО е семејство кое го чинат заеднички вредности. Ние сме покрај сојузниците за мир и стабилност. Турција е НАТО. Ние сме НАТО“, е пораката која е објавена со прикажување на снимки од Турските вооружени сили.
Истакнувајќи дека сојузниците делат исти вредности, пилотката Озатај порача дека поддршката на Турција во НАТО трае уште од 1952 година, кога земјата се приклучи на Алијансата.
„Ние сме една од земјите која најмногу придонесуваат во задачите и операциите на НАТО. Горди сме што првата жена пилотка во НАТО беше Турчинката Леман Бозкурт Алтинчекич“, порача Озатај.
Таа во пораката наведува и дека сите членки имаат еднакво право на глас во НАТО и дека одлуките се донесуваат заеднички.
„Заедно сме посилни и побезбедни“, порача Озатај во клипот.