Michael Hernandez
16 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели дека Русија се обидува со нуклеарно оружје, кибернетички напади и тајни акции да го дестабилизира Западот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за новинарите во Брисел, Столтенберг специјално предупреди дека Москва со тајни акции, како труењето на рускиот двоен агент во Велика Британија, се обидува да предизвика несигурност на Западот.
Тој нагласи дека труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервни отрови е опасен модел на руското однесување.
Столтенберг ја обвини Русија за мешање на нуклеарно и конвенционално оружје во воена доктрина и воените вежби, додавајќи дека со тоа го намали прагот за лансирање на нуклеарни напади.
Тој истакна дека Москва претставува сериозна закана, потсетувајќи на руската анексија на полуостровот Крим во 2014 година, за поддршката на сепаратистите во Украина, руското воено присуство во Молдавија и Грузија, попречувањето на изборите во западните земји и учеството во војната во Сирија.
Тој додаде дека заканата претставува и развој на новото нуклеарно оружје, за што во почетокот на март отворено говореше рускиот претседател Владимир Путин.