Ali Cura
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
МОСКВА
Најмалку 16 лица загинаа при пад на авион со падобранци во руската федерална единица Република Татаристан, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за вонредни ситуации во Русија соопшти дека авионот од типот „L-410“ се урнал утрово, кусо по полетувањето од аеродромот во близина на градот Мензелинск.
Според првичните информации, во несреќата животот го загубиле 16 лица, а седуммина се повредени.
Поголемиот дел од настраданите во несреќата се падобранци кои патувале со авионот што е во сопственост на еден од локалните аероклубови.
Во тек е истрага за откривање на причините поради кои дошло до несреќата.