Dilara Karataş
26 Февруари 2025•Ажурирај: 28 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - При превртување на автобус загинаа најмалку 18 лица, а 32 се повредени во Тајланд, известува Анадолу.
Според веста што ја објави „Бангкок пост“, автобусот, кој сообраќал на релацијата од областа Буенг Кан кон Рајонг, се превртел откако возачот ја изгубил контрола над возилото на удолница.
Во несреќата животот го загубија најмалку 18 лица, а 32 лица се повредени.
Во тек е истрага за несреќата.