Saadet Firdevs Aparı
01 Март 2024•Ажурирај: 02 Март 2024
ДАКА (АА) - Најмалку 43 лица загинаа во пожарот што вчера избувна во една зграда во Дака, главниот град на Бангладеш, известува Анадолу.
Министерката за здравство, Саманта Лал Сен, соопшти дека животот го загубиле 43 лица, а голем број се повредени во пожарот што избувна во шесткатница во Дака.
Министерката Сен рече дека пожарот избувнал во зграда во квартот Бејли Роуд и пожарникарите работат на негово гаснење.
Противпожарната служба соопшти дека пожарот избувнал во угостителскиот објект на првиот кат на зграда во Дака, а поради огнот останале заробени голем број луѓе.
Спасувачките тимови информираа дека од зградата се извадени 75 лица, од кои 42 во состојба на бесвест.