Zehra Ulucak
01 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Научниците открија дека во Националниот парк „Полино“ во Италија се наоѓа бор за кој се претпоставува дека има околу 1.230 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Live Science“, за истражувањето објавено во списанието „Ecology“, научниците од италијанскиот Универзитет „Тушија“, во еден стар коридор на Националниот парк „Полино“ пронашле бор стар околу 1.230 години.
Истражувачите, кои последните три години работат на пронајденото дрво кое го нарекле „Италус“, поради недостатокот во прстените, за одредување на староста на дрвото зеле примероци од коренот за спроведување на радиокарбонски процес.
Проф. д-р Алфредо ди Филипо, водач на проектот, изјави: „Внатрешноста на дрвото беше како прашина, досега немаме видено такво нешто. Недостасува еден дел од најмалку 20 сантиметри кој прикажува многу години“.
Истражувачите, споредувајќи ги прстените на борот од неговиот корен со оние кои во различен сооднос растеле во телото на дрвото, пресметале дека првата алка на Италус настанала во 789 година.
Најстарото дрво во Европа претходно беше откриено во 2016 година во Грција. Станува збор за бор стар 1077 години.