Zehra Ulucak
01 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
МАНАГА - Во последните 24 часа најмалку 15 лица загинаа за време на протестот во Никарагва, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите започнаа во април и беа насочени против реформите за социјално осигурување, а оттогаш животот го загубија десетици луѓе.
Студентите бараат поголеми и подемократски права и оставка на претседателот Даниел Ортега. Прошетката по повод Денот на мајката беше одржана во четвртокот, а дојде до пукање во групата демонстранти.
Од Центарот за човекови права на Никарагва, чии членови, исто така, учествуваа во мирната прошетка, потврдија дека најмалку 11 лица биле убиени во нападот на „полицијата лојална на Владата“.
Командантот на националната полиција, Франциско Дијаз, потврди дека 15 лица биле убиени за време на протестот во земјата. За нападите, како што се наведува, се одговорни криминалните групи.
Протестите започнаа во април и беа насочени против реформите за социјално осигурување, но на крај прераснаа во барање претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, да се повлече.
Тој им се обрати на луѓето од Никарагва на почетокот на мај, опишувајќи ги настаните во Масаја како болни и повика за крај на насилството. Протестите продолжуваат и понатаму, а се сметаат за најсмртоносни настани во земјата за време на владеењето на Ортега.
Покрај протестите и смртните случаи пријавени на почетокот од мај, групите за заштита на човековите права проценуваат дека за време на протестот загинаа најмалку 80 лица, а 900 се повредени.