Sarp Özer
27 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Во врска со тврдењата дека „елементите на Турските вооружени сили отвориле оган врз руските војници и руските авиони во Идлиб“, се вели дека овие тврдења не се точни и дека турските војници во ниту еден случај не ги таргетирале руските војници и руските авиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Некои руските медиуми тврда дека „турската Војска отворила оган врз руските авиони во Идлиб“.
Одговорејќи на прашањето на новинарот на АА, безбедносни извори остро ги негираа овие тврдења.
Изворите нагласија дека не се точни вестите дека елементите на Турските вооружени сили кои се наоѓаат во Зоната за деескалација во Идлиб за осигурување на примирјето, ги таргетирале руските воени авиони.
Овие извори за кои станува збор истакнаа дека турските војници во ниту еден случај не ги таргетирале руските војници и руските авиони.