Ekip
29 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (AA) - Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е подготвена за воена операција од „големи размери" во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа закана доаѓа во моменти додека Палестинците се подготвуваат во сабота во голем број да излезат на протест долж границата со Израел.
„Ако Израел биде присилен на голема кампања, ќе се пристапи од позиција на сила и безбедност, откако ќе ги исцрпи сите други можности", рече Нетанјаху.
Истакна дека израелската страна ќе ги преземе, како што рече, сите потребни мерки.
„Го засилуваме безбедносниот кордон околу Газа. Активни сме на неколку полиња истовремено", рече израелскиот премиер
Израелските воздухопловни сили во текот на оваа седмица продолжија да изведуваат напади во блокираната Газа, и покрај претходно договореното примирје.