Jeyhun Aliyev
29 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
АНКАРА (AA) - Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за вонсудски погубувања Агнес Каламард, повика судењето на убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги да биде отворено за јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите судски постапки и сите докази против обвинетите нека бидат јавни", наведе Каламард во соопштение.
Додаде дека „судењата зад затворени врати" во Саудиска Арабија на обвинетите за убиство на Кашоги „не ги исполниле меѓународните стандарди".
Исто така го осуди и недостатокот на транспарентност во истрагата во Саудиска Арабија, како и судските постапки во врска со убиството на Кашоги.
Џамал Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон Пост" (The Washington Post), убиен е на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.
Турското обвинителство откри дека тој брутално е задавен по влегувањето во конзулатот и дека неговото тело исечено на делови и уништено.
Откако на почетокот тврдеа дека го напуштил Конзулатот жив, саудиските власти неколку недели подоцна признаа дека бил убиен во зградата на Конзулатот.
Потоа покренаа обвиненија против 11 осомничени за убиството, а тамошното обвинителство бара изрекување на смртни казни за петмина првообвинети.