Alperen Aktaş
29 Јуни 2024•Ажурирај: 01 Јули 2024
АБУЏА (АА) - Нигериската војска неутрализираше 2.245 терористи во операциите спроведени против Боко Харам и ИСВАП, западноафриканскиот огранок на ДЕАШ, во последните три месеци, соопшти вчера генерал-мајор Едвард Буба, шеф на одделот за медиуми во нигериското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.
Тој истакна дека операциите против терористичките групи биле спроведени во различни држави од земјата во период од април до јуни.
Според него, за време на акциите биле спасени 1.993 лица кои биле киднапирани за откуп, а од терористите се запленети 2.783 парчиња оружје и значително количество муниција.
Нигерија неодамна се соочи со напади од вооружени банди во различни региони на земјата, вклучувајќи ги тука и Боко Харам и ИСВАП.
Киднапирањата за откуп се вообичаени случаи во Нигерија и покрај смртната казна за киднапирање.
Вооружените групи обично киднапираат луѓе од селата и училиштата, како и патници во северните делови на земјата, барајќи откуп.