Adam Abu-bashal
03 Април 2023•Ажурирај: 07 Април 2023
АБУЏА (АА) - Две студентки се киднапирани при вооружен упад во еден универзитет во нигериската сојузна држава Замфара, пренесува Анадолу.
Портпаролот на полицијата во Замфара, Мохамед Шеху, истакна дека сè уште неидентификувани вооружени лица упаднале во Федералниот универзитет што се наоѓа во местото Гусау.
Шеху информира дека при упадот се киднапирани две студентки.
Според него, на местото на настанот се упатени безбедносни сили и започната е операција за спасување на студентките.
И покрај тоа што киднапирањето луѓе се казнува со егзекуција, во Нигерија често се случуваат киднапирања за откуп.