Gülşen Topçu
03 Април 2023•Ажурирај: 04 Април 2023
КУДС (АА) - Израелската војска доцна синоќа соопшти дека уништила „неидентификуван летечки објект“ од Сирија во воздушниот простор на Израел, пренесува Анадолу.
Неидентификуваниот објект го собориле израелските воени авиони на отворено поле, се вели во соопштението на Армијата.
Овој потег следуваше откако Израел во петокот изврши воздушни напади врз предградието на сириската провинција Дамаск, при што загинаа двајца членови на иранската Исламска револуционерна гарда.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, рече дека неговата земја „го задржува правото да одговори во соодветно време и место“.
Израел во повеќе наврати извршуваше напади во Сирија, погодена од граѓанска војна, насочени кон силите лојални на режимот на Башар ал Асад и групите лојални на него поврзани со Иран.