Selma Kasap
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
АНКАРА (АА) - СЕЛМА КАСАП -
Турскиот нобеловец, научникот Азиз Санџар кој престојува во Соединетитее Американски Држави (САД), изјави дека доколку би бил во Турција, би застанал во редот и би ја примил вакцината која ја набавило Министерството за здравство на таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Санџар во врска со развојот на ситуацијата околу вакцината на новинарот на АА му кажа дека не е експерт за заразни болести и вакцини дека затоа не може да ги коментира тврдењата на научниците кои со тоа се занимаваат.
„Да сум во Турција, би ги почитувал советите и препораките на турските лекари“, изјави Санџар.
Санџар изјави дека не користи социјални мрежи, но дека некој отворил лажен профил на Твитер на негово име „Азиз Санџар“ и дека преку него објавува пораки против вакцинацијата.
„Срамота е, грев и мислам дека оние што ги објавуваат овие лажни пораки треба да бидат следени и санкционирани“, рече Санџар.
Тој наведе таквите лажни пораки можат да ги збунат луѓето и да ги одвратат од вакцинации и на крајот да ги доведе во опасност животите на овие луѓе.
„Не знам зошто тоа го објавуваат. Вакцината нема политичка партија. Не донесоа политичарите одлука за купување и увоз на вакцина од Кина во Турција, туку нашите експерти за здравство. Не сум експерт за тоа и не знам која вакцина е ефикасна, дали кинеската, руската, амриканската или онаа која во Германија ја направи нашиот турски брат. Меѓутоа, уверен сум дека сите се корисни и ги советувам сите да ја примат вакцината која во моментот се нуди во Турција и да ги слушаат само здравствените експерти. Како што кажав, да сум во Турција би застанал во редот и би ја примил вакцината која ја набави нашето Министерство за здравство“, порача Санџар.